Пападимуилис: Меѓународен договор за името со надуставна сила
Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор. Според него, треба да се постигне договор за сложено име, ерга омнес, односно за севкупна употреба и да се напушти секаков вид на иредентизам, кој ќе се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји втемелена во меѓународен договор кој ќе има гаранции и потпис од Европската унија, и од ОН итн.
Меѓународениот договор со гаранции, како што наведува, има надуставни карактеристики и е обврзувачки.