Заев: Обвинението за „Поткуп“ е бесмислено
Тој очекува дека со прегледувањето на доказите ќе се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на објектот, при што тоа било прифатено од нив. Заев истакна дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој немал намера да прими поткуп.
Судот денеска ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб. Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.