Џонсон не сака да посочува виновници за екс рускиот шпион
Состојбата на Сергеј Скрипал и неговата ќерка и натаму е критична. Тие беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во Салсбери во јужна Англија. Полицијата се сомнева дека тие биле изложени на непозната супстанција која ја предизвикала нивната болест.