Николовски и Лајиќ утре на средба за проблемот со брашното
Министерот за трговија на Србија Расим Љајиќ утре доаѓа во Скопје на разговори со Николовски за решавање проблемот со увозот на српско брашно во Македонија. Љајиќ претходно најави дека Србија од утре воведува контрамерки, бидејќи освен купување време од Македонија не видел подготвеност за решавање на проблемот.