Словачката полиција ги пушти Италијанците осомничени за убиството на истражувачки новинар
Телата на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка Мартина Кушнирова беа пронајдени со прострелни рани на 25 февруари. Кучијак работел новинарско истражување за активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со луѓе блиски до премиерот Роберт Фицо.
Илјадници луѓе вчера учествуваа на протестите против корупција организирани во цела Словачка после убиството на новинарот. На протестот во Братислава имаше околу 25 илјади луѓе.
Американското ФБИ, британскиот Скотланд јард и Европол и помагаат на словачката полиција во истрагата за убиството.