Гани ги повика талибанците заедно да го изградат Авганистан
Гани го даде предлогот за време на конференцијата на земјите и организациите вклучени во таканаречениот процес Кабул кој треба да ја постави платформата за преговори со милитантите. Гани им порача на талибанците дека сега одлуката е во нивни раце, да го прифатат мирот, да седнат на преговарачката маса и да дозволат заедно да ја изградат земјата.