Јункер: Препораката за ЕУ нема да биде условена
"Навистина сум среќен да забележам дека вашата земја особено во последните години постигна напредоци кои уште повеќе ќе и овозможат да се приближи кон Европа. Ако продолжите така како што веќе го правите тоа, европската перспектива на земјата не е повеќе условена" изјави Јункер.
Тој порача дека треба да се помири историјата и географијата, што го направиле со многу земји, па ќе го направат и сега. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.
Премиерот Зоран Заев, по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Скопје изјави дека за Владата е прифатливо име со географска одредница, кое ќе направи јасна дистинкција помеѓу нашата држава и регионот во Грција. Тој на заедничката прес-конференција со Јункер додаде дека Владата инсистира на решение „кое ќе овозможи трајно и одржливо затворање на спорот, но со почитување на достоинството и идентитетот на двата народи и двете држави“. „Наша должност е да преземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова долгоотворено и мачно прашање помеѓу двете земји“, рече Заев.