Во Косово одложена седницата за демаркацијата со Црна Гора
Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација. РТК јави дека седницата е презакажана за 28 февруари.
И вчера Парламентот не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од две третини за ратификација на договорот со Црна Гора.