Ципрас и Могерини разговарале и за Македонија
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Могерини ги поздравила разговорите на Грција со Македонија и со Албанија.
„За земјите од Западен Балкан, разговорот се фокусираше на ПЈРМ и Албанија, а Могерини, според владин извор, ја карактеризираше Грција како клучна земја за ЕУ во регионот. Исто така, на премиерот му спомена дека за време на турнејата на Западен Балкан со претседателот Јункер следната недела, ќе ја истакнат европската перспектива на овие земји, но со предуслов, решавање на билатералните проблеми, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Нафтемборики“, јави дописникот на МИА од Атина.