Манчевски: Владата создава услови за влез на трет мобилен оператор
Манчевски рече дека во Шпанија ќе зборуваат на теми како да се дигитализираат што повеќе услуги во образованието и здравството, но и за мрежен оператор, а не виртуелен, за што се потребни сет мерки и измени на некои подзаконски акти.
„Сите овие активности ќе бидат правени паралелно со напори да не ја нарушиме конкурентноста на пазарот, односно на другите два постоечки оператора во државата. Крајната цел е, подобри услуги за граѓаните со пониски цени“, рече Манчевски.