Домашен притвор за тројца осомничени за насилствата во Собранието
Како мерка на претпазливост на тројцата ќе им бидат одземени пасошите. Апелацискиот суд им определи куќен притвор и одземање на пасошот и на Јане Ченто, Иван Цветковски кој работел во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и Оливер Радулов од УБК.
По вчерашната јавна седница Апелациониот суд одлучи поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков да остане во притвор, Јохан Тарчуловски во домашен притвор, а отфрлени се жалбите на Горан Ангеловски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски.