Убиен е украински војник во конфликтната зона
Министерството за одбрана денеска соопшти дека сепаратистите во изминатите 24 часа 15 пати го прекршиле прекинот на огнот, пукајќи со артилерија, митралези, ракетни гранати и минофрлачи.
Во меѓувреме, сепаратистите тврдат дека украинските владини сили 14 пати го прекршиле прекинот на огнот користејќи исти видови оружје.
Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу силите на Киев и сепаратистите кои контролираат делови на регионите Доњецк и Луганск.
Новиот договор за прекин на огнот, по оние во 2014 и 2015, беше постигнат во 2017 година и беше предвидено да почне на 23 декември, но двете страни меѓусебно се обвинија за повеќекратни прекршувања.