ОЈО: оформен е предмет за загинувањето на планинарите на Кајмакчалан
Од Обвинителството денеска соопштија дека исто така е издадена наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансферзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови кои треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на врвот Кајмакчалан.
Исто така по наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на загинатите планинари, се вели во Соопштението. Калина Велевска и Александар Миновски загинаа на 10 февруари искачувајќи се на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе.