Москва: ќе биде тешко подобрувањето на односите со САД
Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков денеска го обвини Вашингтон дека се обидува да се меша во внатрешните работи на Русија во пресрет на претседателските избори следниот месец, откако САД обвинија 13 Руси за наводни тајни напори за мешање во американските избори.
„Парадоксално, Американците преземаат чекори за мешање во нашите внатрешни работи и влошување на тензиите во билатералните односи во пресрет на претседателските избори во Русија на 18 март“, рече Ријабков.
Тој не изнесе докази како поддршка на тврдењата, но исто така изрази жалење дека Вашингтон ја обвинува Русија за мешање во американските избори „без никаков доказ.“
„Ќе биде многу тешко за поместување на односите со САД од нивната сегашна состојба“, рече Ријабков.