Харадинај: Дијалогот со Србија треба да заврши со взаемно признавање
На официјалната средба со американскиот сенатор Рон Џонсон, на која присуствуваа и заменик премиерот Далибор Јевтиќ и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, станало збор за актуелните политички случувања во Косово, за поддршката на САД, посебно во економскиот развој и спроведување на законот.
Харадинај ја истакнал потребата за понатамошна поддршка во сите процеси низ кои минува Косово. Тој додал дека Косово е посветено на својот евроатлантски пат преку продлабочување на домашните реформи, посебно во областа на владеењето на правото и одржување на редот, како и во зајакнувањето на демократските институции.
Џонсон, според соопштението од кабинетот на Харадинај, изјавил дека САД ќе продолжат да бидат моќен поддржувач на економскиот и демократскиот развој, како и консолидацијата на градењето на косовската држава