Борисов-Орбан: Шанса за интеграција на Балканот во ЕУ
Тој истакна дека му честитал на Борисов за неговата политика, при што позитивни ги оценил контактите со Турција во однос на миграцијата.
Борисов истакна дека сега постои шанса за интеграција на Балканот во Европа.
„Помеѓу Бугарија и Унгарија има многу земји кои сакаат да бидат членки на ЕУ. Одлична одлука е тоа што во Софија во мај ќе има голема конференција посветена на иднината на Балканот во ЕУ. Ова ќе биде решавачки конгрес, бидејќи тука треба дефинитивно да се соопшти за приемот на Црна Гора и на Србија, и да се утврдат роковите за тоа“, рече Борисов.