Преговорите со Грција продолжуваат, Бугарија не е дополнителна пречка
Премиерот Зоран Заев порача дека верува оти ќе се најде решение за името, по што Македонија ќе добие автоматска покана за НАТО. Коѕијас ќе го посети Скопје кон крајот на овој или почетокот на наредниот месец. Експертите сметаат дека преговорите ќе течат како и досега и не очекуваат мешање од страна на Бугарија.