Коѕијас во посета на Скопје до крајот на месецов или почетокот на март
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас повторно ќе го посети Скопје, но не оваа недела како што беше најавено во грчките медиуми, туку до крајот на овој месец или почетокот на март, соопшти македонското Министерство за надворешни работи (МНР).
Оттаму наведуваат дека причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се згуснатите и претходно договорени агенди на двајцата министри Никола Димитров и Никос Коѕијас.