Во Киев собир за поддршка на Саакашвили да се врати во Украина
Неколку илјади луѓе се сообраа во Киев барајќи во Украина да се врати опозиционерот и поранешен претседател на Грузија Михаил Саакашвили кој на 12 февруари беше протеран во Полска. Саакашвили кој претходно му беше сојузник на украинскиот претседател Петро Порошенко сега е еден од неговите најголеми противници и го обвинува претседателот за корупција. Демонстрантите побараа и оставка на Порошенко, скандирајќи дека е крадец.