Почна состанокот во Виена меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц
Преговорите прв пат по обновувањето се водат на ниво на министри за надворешни работи, откако тоа го договорија премиерите Зоран Заев и Алекцис Ципрас на нивната средба во Давос минатиот месец.
Димитров и Коѕијас вчера имаа средба во Виена на која ги усогласуваа позициите во пресрет на денешниот состанок со Нимиц. Нема информации дали на денешниот состанок ќе се разгледува нацрт-договорот, кој за средината на февруари го најави Коѕијас.