Ѕанакопулос: Топката е на теренот на нашите соседи
Тој во врска со различните позиции на Скопје и Атина во однос на промената на македонскиот Устав, што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Ѕанакопулос за радиото Алфа 989 рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.
„Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение“, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.