Наумоски останува претседател на Кошаркарската федерација
Петар Наумоски останува претстедател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Поранешниот кошаркар „преживеа“ откако на денешниот вонреден конгрес доби 16 гласа „за“, додека неговиот противкандидат, Владо Илиевски, доби 14 гласа.
МКФ донесе и ново правило, за клубовите да не смеат да бараат Вонредно собрание за гласање на доверба кога тие сакаат, туку тоа ќе оди на секои две години.