Нетанјаху - Им нанесовме „силни удари“ на иранските и на сириските сили
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија им нанела „силни удари“ на иранските и на сириските сили со серијата воздушни напади во Сирија. На денешната владина седница, тој рече дека Израел „недвосмислено ставил до знаење“ дека ќе продолжи со нападите поради обидите да биде нападнат.
До вчерашните израелски воздушни напади дојде откако армијата соопшти дека со хеликоптер соборила иранско беспилотно летало кое ден претходно влегло во израелскиот воздушен простор.
Израел соопшти дека нападнал сириски и ирански сили во Сирија, при што беше соборен нивен авион Ф-16. Беше соопштено дека двајцата пилоти успешно се катапултирале пред нивниот авион да падне во северен Израел.
Сирија соопшти дека Израел нападнал нивни цели во пограничниот предел, но негираа дека нивно беспилотно латало влегло во Израел. Велат дека нивните сили погодиле повеќе од еден израелски авион.
Техеран, пак, ја отфрли израелската верзија на настаните, оценувајќи ја како смешна и лажна и соопшти дека Сирија има право да се брани.