Шилегов-Каминис: Затворање на прашањата меѓу Македонија и Грција
Каминис за грчки медиум отфрла секаква можност со Шилегов да разговараат за политичките случувања и разговорите за името.
Тие по повод утрешната средба во денешна официјална објава во дневни весници во двете земји, повикуваат на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.
Тие наведуваат дека во изминатите неколку недели беа направени важни чекори и важен моментум за решавање на спорот за името кој ги дели двете држави со децении.
„Ние како градоначалници на главните градови на двете земји ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување, посочуваат во текстот Шилегов и Каминис.