Филипче: Ги изложив сите фактори за смрттноста на новороденчињата.
Сакајќи да направиме акциски план за стратегија за серизно да се зафатиме со решавање на овој проблем, сакавме да влијаеме на сите фактори за кои сметаме дека имаат влијание на проблематиката со која што сме се зафатиле, вели министерот Филипче за Радио Слободна Европа
„Се осврнуваме и имаме план за тоа како ќе влијаеме на ниво на Гинеколошката клиника во смисла на набавување на соодветна опрема, веќе се започна со процесет на набавување на инкубатори. Понатаму имаме план за подигање на нивото на знаење на докторите кои работат во таа струка. Работиме и на примање нови доктори како гинеколози по општините таки и на неонатолози во родилиштата. Ги активираме мобилните гинеколошки амбулани сместени во специјални возила за пациентки на кои не им е таа услуга достапна“ изјави мнистерот Филипче.
Тој негира дека во 40 општини нема матични гинеколози, како што го прозва јавноста и посочи дека проблемот е присутен во Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Пехчево и во општината Бутел во Скопје.
„Нема гинеколози во пет општини во државaта” вели министерот и повтори дека решенијата ќе се бараат со едукација, примања нови кадри, мобилните гинеколошки амбуланти и подигање на свеста на жените насекаде низ државата.
Деновиве во јавноста имаше бројните реакции по изјавата на министерот Филипче дека проблемот со високата стапка на смртност на новореденчињата и родилки во Македонија е и поради тоа што родилките не водат грижа за нивната здравствена состојба. Беа изнесени информации за лоши состојби во примарната здравствена заштита и дека во 40 општини нема матични гинеколози, а жените треба да патуваат за да отидат на гинеколог.