Британскиот Дом на лордови: прием на Македонија во НАТО и без решение на името
Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите усвоен во декември лани, објавен на 10 јануари годинава, се наведува дека Македонија треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса заради мир и стабилност на регионот.
Пристапувањето на земјата во НАТО не треба да зависи од решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје, се наведува во документот.