Грчкото МНР ја поздрави одлуката за автопатот и аеродромот
Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот. Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, стои во соопштението, јавува дописникот на МИА од Атина.
„Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи“, соопштуваат од грчкото МНР.
Премиерот Зоран Заев претходно изјави дека Владата донела одлука аеродромот Александар Велики да го преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“, а автопатот Александар Македонски во „Автопат Пријателство“