Путин формално регистриран како претседателски кандидат
Во услови на висок рејтинг, високи се очекувањата Путин да победи на изборите. Анализите велат дека Путин е подготвен да обезбеди најголема можна победа, со цел да го зајакне мандатот кој е можно да биде негов последен.
Уставот на Русија им забранува на претседателите да служат повеќе од два последователни мандати.
Критичарите велат дека Путин ги вратил назад демократските реформи и напредокот на човековите права направени по распадот на Советскиот сојуз.