Шекеринска во посета на Косово
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета во Косово, каде што со воена церемонија ја пречека министерот за Безбедносните сили на Косово Рустем Бериша.
На заедничка прес-конференција по средбата Шекеринска истакна дека Македонија и Косово остануваат да работат на заедничката соработка во делот на обуката на офицерски кадар и оти оваа година очекува да биде потпишан Планот за соработка меѓу двете земји.
„Приоритети на новата македонска влада се членството во НАТО и добрососедството. Со повеќе мерки покажуваме дека имаме добра соработка. Работата на соседите е да си помогаат. Во врска со членството на Косово во НАТО ние ја поддржуваме позицијата на меѓународната заедница. Треба да се земе во предвид чувствителната ситуација во регионот, рече Шекеринска.