Собрание: Расправа за Законот за минерални суровини
Ова се заклучоци на денешната јавна расправа што ја организира собраниската Комисија за економски прашања
Тие, како што кажа претседателот на Комисијата Горан Милевски од ЛДП, треба да им помогнат да донесат правилна одлука за измените на Законот, а причина што се организира расправа се бројните локални референдуми на југоистокот на земјава.
За предлагачот, пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ измените со кои се предлага да се забрани користењето на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции во рударството се за заштита на животната средина и на здравјето на вработените и локалното население.
Николајчо Николов, претседателот на Македонската асоцијација за рударство (МАР) од Стопанската комора и директор на рудникот Бучим пак истакна дека рудниците зафаќаат само 0,47 отсто од вкупната територија на Македонија а професорот Благој Голомеов од Штипскиот универзитет посочи дека забраната за користење на цијаниди ќе значи и автоматско затворање на рудникот САСА.