Нимиц: Секогаш добивам добри совети од Ахмети
" Разменуваме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение" изјави Нимиц по средбата.
Лидерот на ДУИ изјави дека му дава целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името.