Убиени десетици милитанти во јужен Авганистан
„Групата бунтовници беа собрани да започнат координиран напад врз авганистанските сили во областите Панџаи и Маиванд во Кандахар“, рече Мохамад.
Тој не кажа дали имало жртви меѓу авганистанските сили.
Талибанците не ја коментираа операцијата, која доаѓа откако Владата во Кабул поддржана од Западот прави напори да се одбрани од милитантите по повлекувањето на силите на НАТО во 2014 година.