„Олимпијада“ за руските спортисти на кои им е забрането учество на ЗОИ
Рускиот претседател Владимир Путин нареди владата да организира спортски натпревари за руските спортисти на кои им е забранет настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг поради допинг-скандалот, соопшти неговиот портпарол Дмитриј Песков. Тој додаде дека натпреварувачите ќе добијат компензации исти како што вообичаено Москва ги наградува олимпијците кои добиле медали. Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руските натпреварувачи настап на ЗОИ по наоди од допинг тестови. МОК официјално им забрани настап на 169 руски натпреварувачи на ЗОИ во Пјонгчанг што треба да се одржат идниот месец. Тие може да се учествуваат под неутрално знаме како „Олимписки натпреварувачи од Русија“. Алтернативните натпревари за натпреварувачите на кои им е забрането да учествуваат на ЗОИ ќе се одржат во Сочи, каде во 2014 година се одржаа ЗОИ.