Убиен осомничен милитант во Русија
Осомничениот бил од неименувана поранешна советска земја и бил член на милитантната група Исламска држава (ИД), се вели во соопштението. Исто така се наведува дека тој „бил подготвен да изврши“ терористички напад на 18 март на денот на изборите, на кои се проценува дека сигурно дека Владимир Путин ќе обезбеди нов шестгодишен мандат.
Во извештајот на ФСБ исто така се вели дека при пребарувањето се пронајдени моќна бомба од домашно производство, компоненти за експлозивни направи, оружје и муниција.