Вучиќ прифати да ја посети Хрватска
„Тие разговори нема да бидат ниту лесни, ниту пријатни, ќе бидат многу корисни за нашите граѓани, и за Србите и за Хрватите, изјави Вучиќ на прес-конференција по разговорите со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.
Вучиќ рече дека за Србија е „многу важна“ поканата од Загреб и најави дека ќе разговара со сите хрватски официјални претставници и со претставници на српската заедница.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера го покани српскиот претседател во посета на Загреб во средината на февруари, оценувајќи дека е „созреано времето“ за средба.
Тајани рече дека Србија има одговорност да работи на стабилност на Балканот.