Скакулци му се закануваат на Светското во фудбал
Околу еден милион хектари земјиште во јужна Русија било нападнато од скакулци, вклучително и земјиште околу Волгоград, еден од градовите домаќини на Светскиот куп, велат од Министерството. Од таму велат дека е важно да не се срамотат пред светот.
Светското првенство треба да се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 руски градови. Официјалниот буџет за настанот е 11 милијарди долари.