На Латас ќе му се суди за бесправните градби
Од Судот соопштуваат дека судијата кој го оценувал обвинителниот акт на СЈО по овој предмет, донел решение со кое ги одбива приговорите и го одобрува обвинителниот акт во целост.
По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет, а понатаму тој треба да биде распределен преку електронска распределба.
Латас е осомничен во уште еден предмет на СЈО - „Тотал“ за даночно затајување.