Почна судењето за предметот на СЈО „Траекторија“
Судијата Горан Бошевски рече дека судењето почнува од почеток бидејќи, е променет судечкиот совет. На рочиштето присуствуваат Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски.
Според обвинението, тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања со што му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.