Македонија со тројца спортисти на ЗОИ во Пјонгчанг
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска информира дека боите на Македонија на зимска олимпијада ќе ги бранат: Антонио Ристевски – Алпско скијање/дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма), Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км.
Македонската олимписка делегација за Пјонгчанг заминува на 7 февруари, а два дена претходно ќе биде направена и свечената презентација на спортистите, информираат од МОК.
На Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.
23-те Зимски Олимписки игри ќе започнат на 9 февруари и ќе траат две седмици, односно до 25 февруари, за кога е закажано и свеченото затварање.