Нимиц: Постои моментум, време е за носење одлуки
Постои волја за договор кај двете страни, рече Нимиц оценувајќи ја средбата како конструктивна, но и дека грчката Влада е активна во решавањето на проблемот.
„Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука“, рече Нимиц пренесува МИА.
Медијаторот и шефот на грчката дипломатија по 40 минутната средба, разговорите ги продолжија на работен ручек. Тој претходно имаше средба со Јорогос Кумуцакос одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија. Нимиц утре доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.