Неизвесност околу расправата за амандманите на Законот за јазиците
Според Џафери амандманите се политичко прашање, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се спречи носење на законот, истакнувајќи дека што и да се направи во оваа ситуација ќе се оспорува уставноста на законот.
Во однос на тоа дали е можно амандманите да бидат повлечени, Џафери рече дека секојдневно е во комуникација со опозицијата и со другите пратенички групи. Тој ја повика опозицијата да размисли: „Ако имаат сенс за процесите и за државата нека се премислат“, рече Џафери