Блиска средба меѓу руски и американски авиони
Вашингтон соопшти дека руски воен авион вчера бил во „небезбедна интеракција“, односно летал на оддалеченост од метар ипол од радарски авион на американската морнарица над Балтичко море. Рускиот авион, како што се наведува, директно летал пред американскиот. Стејт департментот ја повика Русија да ги спречи ваквите небезбедни акции кои ја зголемуваат „опасноста од воздушни судари“. „Времетраењето на најновата опасна интеракција траело два часа и 40 минути“, се наведува во соопштението на американската морнарица.