Собранието го утврди дневниот ред на 32 седница
Претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита точките на дневниот ред и пред да се гласа пратеникот Антонио Милошоски се јави процедурално и побара пауза за да им се достави дневниот ред испечатен, но Џафери не даде пауза со образложение дека дневниот ред ќе им биде поделен во текот на седницата.
Џафери рече дека точката на дневниот ред која се однесуваше на избор на потпретседатели на Собранието е повлечена, за која претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со ставањето на точката по скратена постапка се силува демократијата и обид да му се обезбедат на Џафери заменици за долгата дебата.
Мнозинството не го поддржа ниту барањето на опозицијата да се тргнат од дневен ред измените и дополнувањата на законот за минерални суровини