Димовски: Едностраниот закон за јазиците може да продуцира криза
Димовски рече дека решение треба да има, но тоа да биде изградено на здрави темели, а како што рече да не се носи со прекршување на Деловникот најмалку десет парти до сега.
Тој додаде дека законското решение е еднострано, според него на ДУИ, а СДСМ е принудена да го донесе, „а тоа може да продуцира криза.“ Тој повтори дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во работата на Собранието само за Законот за употреба на јазиците.