Аеродромот во Техеран и училиштата затворени поради снег
Училиштата се затворени во неколку делови од земјата вклучително и во главниот град а стотици тимови на Црвениот крст се мобилизирани за помош. Мохамед Али Абтахи кој беше заменик претседател на поранешниот претседател Мохамед Катами објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа неговиот автомобил заглавен во снег на автопат околу 150 километри од Техеран наведувајќи дека таму се заглавени повеќе од девет часа.
Државната агенција ИРНА повикувајќи се на портпаролот на Црвениот крст јавува дека околу 6600 луѓе се евакуирани во привремени престојалишта.