Земан реизбран за претседател на Чешка
73 годишниот Земан е на функцијата претседател од 2013 година. Тој има анти имигрантски ставови и ги затопли односите со рускиот претседател Владимир Путин во време во кое многумина во Европа стравуваат од мешање на Москва во западните избори и процеси. Земан исто така се залага за поблиски односи со Кина.
Драгош пред насобраните поддржувачи веќе му ја честита победата на Земан. 68-годишниот Драгош е поранешен шеф на Чешката академија за науки и се смета за проевропски либерал. Тој е нов во политика и не доаѓа од ниту една политичка партија, а вели дека е загрижен за порастот на екстремизмот и популизмот.