Хрватска и упати дипломатска нота на Словенија за казнување на рибарите
Словенечката полиција објави дека ги испратила првите 14 казни за хрватските рибари од Савудрија и Умаг, а следната недела ќе продолжи да го спроведува законот на сличен начин.
Рибарите беа осудени „за незаконско поминување на словенечката граница", објави полицијата на својата веб-страница и предупреди дека влезот во Словенија би можел да биде забранет за оние кои нема да ја платат паричната казна.
Хрвтското Министерството за надворешни и европски прашања испрати дипломатска нота до словенечката амбасада во Загреб, тврдејќи дека рибарите биле „во хрватските подрачја на море".
"Поради овие еднострани обиди за компромитирање и за Хрватска неприфатливата арбитражна одлука од страна на словенечките власти, со цел да ја заштити нејзината територија, ќе биде принудена да одговори на истиот начин", се вели во соопштението.