Завршува гласањето на претседателските избори во Чешка
Гласачките места ќе бидат затворени во 14 часот денеска, а конечните резултати се очекува да се знаат околу 16 часот. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека трката e речиси изедначена, односно за Земан би гласале 45,5 отсто од испитаниите, за Драгош 45 отсто, а десет проценти рекле дека не знаат за кого ќе гласаат.
73 годишниот Земан е на на функцијата претседател од 2013 година. Тој има анти имигрантски ставови и ги затопли односите со рускиот претседател Владимир Путин. Земан исто така се залага за поблиски односи со Кина. 68-годишниот Драгош, пак, е поранешен шеф на Чешката академија за науки и се смета за проевропски либерал. Тој е нов во политика и не доаѓа од ниту една политичка партија, а вели дека е загрижен за порастот на екстремизмот и популизмот.