Српската опозицијата ќе протестира пред РТС
Во соопштението се наведува дека на протестот пред РТС ќе биде побарано овој и другите медиуми да го почитуваат законот и стандардите на професијата и да обезбедат еднаква застапеност на политичките актери.
Ќе биде побарана и смена на директорот и на уредникот на Информативната програма на РТС, поради „повеќегодишната незаконска и политички пристрасна работа“. Опозицијата ќе формира Одбор за организирање на протести пред РТС, како и работна група за соработка во контрола на изборите.