Вашингтон загрижен за воениот договор меѓу Русија и Јужна Осетија
Русија ги поддржува сепаратистичките региони Јужна Осетија и Абхазија, кои прогласија независност од Грузија. Русија ги призна регионите како независни држави по кратката војна со Грузија во август 2008 година, но само неколку земји ја следеа Русија и ја признаа независноста на регионите. Русија соопшти дека договорот дозволува формирање на „заеднички одбранбен простор“ со отцепениот регион.